Дома Фудбал Останато Капело: Роналдо си замина зошто Јувентус нема конкурентен тим за Европа

Капело: Роналдо си замина зошто Јувентус нема конкурентен тим за Европа

Кристиано Роналдо вчера се врати во Манчестер Јунајтед после 12 години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега трансферот на Роналдо го коментираше легендарниот стратег Фабио Капело. Искусниот стратег ги кажа според него причини поради кои Роналдо се одлучил на ваков потег.

„Мислам дека Роналдо направи проценка на актуелниот тим на Јувентус и заклучи дека според него тимот не може да направи многу на меѓународна сцена. Трите неуспешни обиди во Лигата на шампионите исто така веројатно се една од причините“, смета Капело.

Покрај Роналдо, Серија А ја напушти и Лукаку.

„Заминувањето на Лукаку и Роналдо ја ставаат лигата во поинаква димензија, нешто што важи и за Ла Лига откако Меси си замина. Сега Серија А загубил дел од својот шарм, сепак верувам дека младите фудбалери ќе донесат нова енергија“, изјави искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал во последното коло во Премиер лигата? Поразот на Астон Вила носи можност за нов англиски тим во Лига на шампиони

Со освојувањето на Лига Европа, Астон Вила ја прекина 44-годишната пауза од европски трофе…