Дома Фудбал Лига на шампиони Капело: Роналдо од себе направи шампион, но не е гениј како Меси

Капело: Роналдо од себе направи шампион, но не е гениј како Меси

capelo messi ronaldo

Италијанскиот тренер Фабио Капело имаше што да каже после натпреварите во Лигата на шампионите во вторникот и средата.

Вечерта во вторникот ја обележи Кристиано Роналдо. Португалецот ги постигна сите три гола во победата на Јувентус против Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ имаа предност од првиот натпревар, но Роналдо со новата магична вечер во најелитното европско натпреварување обезбеди четвртфинале за својот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=Z5TeY9hTk_4

Меси вчера пак ја предводеше Барселона до победа откако првиот натпревар против Лион заврши без погодоци. Меси во вчерашниот реванш кој Барселона го доби со 5:1 постигна два гола и запиша две асистенции.

После ваквите настапи на Роналдо и Меси, Фабио Капело ги спореди Аргентинецот и Португалецот. Накратко Капело порача дека Meси е гениј, а Роналдо не е.

„Роналдо е фантастичен фудбалер, но Меси е гениј“, започна Капело за „Скај Спорт“ и продолжи:

„Постојат тројца генијалци во светот на фудбалот и тоа се Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е одличен и може да ви помогне да освоите се, но Меси е нешто поинакво. Се соочив со него кога имаше 16 години и останав воодушевен. Тој прави работи кои останатите не ги можат. Роналдо од себе направи шампион, но не е гениј“, изјави Капело.

Барселона и Меси противникот во четвртфиналето ќе го дознаат на утрешната ждрепка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…