Дома Фудбал Капело: Роналдо, Мората и Рабио се исплашија oд топка

Капело: Роналдо, Мората и Рабио се исплашија oд топка

Порто го елиминираше Јувентус од Лигата на шампионите, клучниот момент се случи во второто полувреме кога Оливеира од слободен удар го совлада Шчесни.

За Фабио Капело голема вина за овој гол има Кристиано Роналдо кој скокна и со грб се сврте во живиот ѕид.

„Тоа е голема грешка која не смее да се случува, посебно не во таква фаза од натпреварот. Во мое време посебно се избираа фудбалерите кои ќе стојат во живиот ѕид, стоеа оние кои не се плашат од топката. Роналдо, Рабио и Мората се исплашија тоа е неприфатливо“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…