Дома Фудбал Капело ги спореди Игуаин и Икарди, кој е подобар?

Капело ги спореди Игуаин и Икарди, кој е подобар?

Фабио Капело ги даде своите очекувања пред големото дерби во Италија.

Вчера Марко Матераци, Раџа Наинголан го спореди со Дејан Станковиќ, а денеска Фабио Капело истакна дека Мауро Икарди го потсетува на легендарниот Батистута.

Се разбира, го прокоментира и големото дерби кое се игра вечерва од 20:30 часот.

„Росонерите имаат проблеми во одбраната, а Интер е многу опасен во нападот. Милан ќе мора да биде многу внимателен. Никогаш не можете да дадете предвидувања пред дерби, затоа што тој натпревар е од одвоен од остатокот на сезоната и има своја атмосфера. Статистиката не одлучува, туку одлучноста и мотивацијата“, изјави Капело.

Двата тима имаат Аргентинци во нападот. Интер го има Икарди, а Милан Игуаин.

„Икарди ме потсетува на Габриел Батистута. Не игра толку многу надвор од шеснаесетникот, но е смртоносен во него. Знае да шутира како ретко кој во светот и е добар во воздух“.

Игуаин?

„Го познавам добро Игуаин, пристигна со мене во Реал Мадрид 2006. година. Му требаше време да созрее, но вредно работеше и се виде дека има квалитет во завршницата. Мило ми е што градот Милано може да ужива во играта на вакви два напаѓачи“, изјави Капело.

Ќе видиме вечер кој повеќе ќе се докаже од овие два напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…