Ерменскиот селектор Хоакин Капарос, пред утрешниот дуел вели дека одлично ја познава македонската репрезентација.
„Го знаеме ривалот многу добро, а и тие не познаваат. Македонија има добар тим против кој сме играле многу пати. Ќе се обидеме да се надигруваме со нив. Се додека има шанси за пласман на СП ние ќе се бориме“, изјави Капарош.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Недостатокот на редовни минути на репрезентативците во клубовите не смее да влијае врз нашата игра. Михтаријан нема недостаток на тренинзи, а интензитот на истите е многу висок, не е ослабен и е во одлична кондиција. Барсегјан исто така играше натпревари сезонава. Беше принуден да одмора и тоа е добро за неговата спремност. Белекјан и Селарјан немаат проблеми исто така“, додаде селекторот на Ерменија.