Играчот за врска на Челзи и француски репрезентативец, Нголо Канте изјави дека не би имал ништо против кариерата да ја заврши на „Стенфорд Бриџ“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
28-годишниот Французин има договор со „сините“ до 2023 година, а во последно време се почести се шпекулациите за интерес кон од него од страна на Реал Мадрид.
„Се разбира дека не би имал ништо против тука да ја завршам кариерата. Договорот со Челзи ми е до 2023 година, и посакувам да имам успешни сезони. Навистина не размислувам за заминување од Премиерлигата“, изјави Канте.
Канте во Челзи дојде од шампинскиот тим на Лестер во 2016 година, а на 28-годишниот фудбалер му одговара Премиер лигата, и затоа засега ги одбива понудите од Реал Мадрид и Јувентус, кои се интересираат за него.