Францускиот репрезентативец Нголо Канте наводно донел одлука да го напушти Челзи на крајот на сезоната.
Француските медиуми тврдат дека 28-годишниот играч за врска донесол дефинитивна одлука да ја промени средината, а интересот за неговиот потпис е огромен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за Канте во моментов покажуваат Барселона и Реал Мадрид, меѓутоа Французинот преферира преселба во Серија А, па е спремен да ја разгледа понудата на Јувентус.
Маурицио Сари имаше одлична соработка со Французинот во Челзи и сак да го донесе во Торино, а „старата дама“ наводно веќе спремила понуда од 80 милиони евра.
Канте во Лондон пристигна во 2016 година од Лестер и ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лига Европа, но сака да се пресели во тим кој е конкурентен за освојување на Лигата на шампиони.
Сепак, на Јувентус нема да му биде лесно да се избори за неговиот потпис, бидејќи Зидан силно посакува да го види Канте во Реал Мадрид.