Дома Фудбал Канте ги пропушта скоро сите важни натпревари за Челси до крајот на сезоната

Канте ги пропушта скоро сите важни натпревари за Челси до крајот на сезоната

Многу лоши вести пристигнаа денес за Френк Лампард и неговиот Челси.

Лондонскиот тим во клучните натпревари оваа сезона ќе биде без еден од најдобрите фудбалери Н’голо Канте.

Французинот заработи повреда на натпреварот против Јунајтед, а после деталните прегледи се утврди дека од теренот ќе отсуствува месец дена.

Тоа значи дека скоро сигурно ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето во ЛШ против Баерн Минхен и важните натпревари во ПЛ против Тотенхем и Ливерпул.

За Французинот ова е трета поврда оваа сезона.

Освен него, во Челси се повредени и Кристијан Пулишиќ, Тами Абрахам, Рубен Лофтус-Чек и Марко ван Гинкел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…