Барселона е се поблиску до комплетирање на трансферот на Жоао Кансело.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека преговорите со Манчестер Сити се во напредна фаза и следните 48 часа ќе бидат клучни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кансело е во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој во јануари го прати на позајмица во Баерн Минхен, и по одлуката Кајл Вокер да остане на „Етихад“ јасно е дека за него нема повеќе место во тимот.
Двете страни се блиску до договор и се очекува наскоро Кансело да биде играч на Барселона бидејќи веќе има договор со Каталонците.