Дома Трансфер зона Кансело на чекор до Манчестер Сити, Јуве веќе најде замена

Кансело на чекор до Манчестер Сити, Јуве веќе најде замена

Манчестер Сити и Јувентус се во напредни преговори за трансфер на Жоао Кансело, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Паратичи денес отпатува за Лондон каде треба да ги договори последните детали од трансферот на Кансело на „Етихад“.

Манчестер Сити нуди 50 милиони евра, Јувентус бара 60, но медиумите тврдат дека разликата ќе биде „испеглана“ со бонуси и дека трансферот ќе биде реализиран во следните денови.

Паратичи патува за Лондон не само поради Кансело, туку и да ја донесе неговата замена. Имено, прва цел на „бјанконерите“ за таа позиција ќе биде бекот на Тотенхем, Киран Трипие.

Тотенхем бара 25 милиони евра за слободата на Трипие, сума која нема да претставува проблем за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…