Дома Фудбал Италија Канаваро раскажа анегдота од Парма: Тој лудак го изеде листот на кој му ја пишуваше казната

Канаваро раскажа анегдота од Парма: Тој лудак го изеде листот на кој му ја пишуваше казната

Во поголемо интервју за „Скај Спорт“ поранешниот италијански дефанзивец, Фабио Канаваро раскажа интересна анегдота од негвиот период во Парма.

Канаваро како тинејџер во 1995 година од Наполи премина во Парма која во тоа време беше во самиот врв на италијанскиот фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во Парма стигнав многу млад, игравме за да бидеме шампиони“, започна Канаваро, а потоа раскажа анегдота:

„Анегдота? Тогашниот капитен на Парма, Миноти ни делеше листови хартија на кои беше напишана казна која моравме да ја платиме. Дојде на ред Асприља, мораше да плати три милиони. Тој лудак стана и го изеде листот на кој ја пишуваше казната“, изјави Канаваро.

Фаустино Априља е приказна за себе. Колумбиецот го обожаваат навивачите на Парма и денес, а на интернтет може да се пронајдат голем број анегдоти поврзани од неговиот живот и кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…