Дома Фудбал Италија Канаваро: Италија нема од што да се плаши од репрезентации како Македонија

Канаваро: Италија нема од што да се плаши од репрезентации како Македонија

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро даде свој коментар за вчерашниот ждреб во кој Италија за противник ја доби Македонија.

Канаваро прво потенцираше дека ваквиот, нов формат на баражот не му се допаѓа.

„За мене вистински бараж беше кога се играше на домашен и гостински терен, па поминува подобриот од двата натпревари. Вака кога веќе е еден натпревар тој треба да биде неутрален терен“.

Смета дека Италија нема од што да се плаши од репрезентација како Македонија.

„Нема  од што да се плашиме, нормално секој противник треба да се почитува. Сепак Италија не треба да се плаши од тим како Македонијаат. Ако момците играат како на Европското првенство тогаш нема да имаме проблеми“, смета Канаваро.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра на 24. март во 20:45 часот, а местото на одигрувањето дополнително ќе биде потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…