Дома Фудбал Италија Канаваро: Влаховиќ ќе биде најдобар во наредните 10 години

Канаваро: Влаховиќ ќе биде најдобар во наредните 10 години

Легендарниот италијански дефанзивец и освојувачот на „Златната топка“ во 2006 година, Фабио Канаваро има големи пофалби за Душан Влаховиќ.

Канаваро беше гостин пред медиумите во својата земја, зборуваше за неговата тренерска кариера, но и за актуелните ситуации во италијанското првенство. Тој откри дека бил блиску да седне на клупатан а Фиорентина, па доби и прашање за Душан Влаховиќ кој во овој момент важи за еден од најдобрите напаѓчи во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би сакал да тренирам таков играч. Можев да седнам на клупата на Фиорентина, но на крајот тоа не се случи затоа што имав договор со Гвангажу и не се поклопија работите. Влаховиќ е идеален напаѓач кој секој тренер би го посакал. Знае да постигнува голови, соработува со соиграчите и ги надополнува заостанувањета. Влаховиќ е биде најдобар во наредните 10 години“.

Го спореди со Халанд.

„Халанд повеќе е свртен кон голот, додека Влаховиќ има способност да направи разлика и кога е со грб свртен кон противникот“, изјави Канаваро.

Во разговорот Канаваро најави негово враќање и порача дека сака да води тим од Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…