Дома Фудбал Камерунец му пресуди на Камерун🎥

Камерунец му пресуди на Камерун🎥

Швајцарската репрезентација запиша минимална, но значајна победа против Камерун во првиот меч на Мунијалот.

Херој за Швајцарците беше родениот Камерунец, Емболо, кој го постигна единствениот гол на мечот.

Камерун имаше свои шанси во првото полувреме, но не успеа да го свлада расположениот голман Зомер.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи на стартот на вториот дел кога Емболо кој е роден во Камерун го совлада Онана. 

Швајцарија после успеа да го зачува резултатот и да се заканува со контранапади, а Сеферовиќ пропушти одлична шанса да зголеми на 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…