Дома Трансфер зона Камавинга проговори за трансферот во Реал Мадрид

Камавинга проговори за трансферот во Реал Мадрид

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга и спремил понуда од 50 милиони евра.

„Се што е поврзано со преговорите не е моја работа. Јас сум сконцентриран на играње фудбал, а агентите и моите родители ќе донесат одлука. Ако веќе има договор, јас требаше да знам. Ќе видиме што ќе се случи ова лето“, рече Камавинга.

„Кога игравме против Амиен еден противнички фудбалер ми рече: „Да ги размените дресовите пред да се преселиш во Реал Мадрид“. Искрено, пријатно е кога така голем клуб се интересира за мене“, додаде младиот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…