Дома Трансфер зона Камавинга за трансферот во Реал: Да го почекаме крајот на сезоната

Камавинга за трансферот во Реал: Да го почекаме крајот на сезоната

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга и спремил понуда од 50 милиони евра.

„Се разбира дека е пријатно да слушнеш како голем клуб се интересира за тебе, но треба да ја чувам главата „ладна“. Треба да го почекаме крајот на сезоната, па да видиме што ќе се случи. Се разбира дека Реал е сон за секој фудбалер“, изјави Камавинга.

Камавинга веќе доби повик и за француската репрезенација и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…