Љубителите на најважната споредна работа на светот со нетрпение го очекуваат почетокот на новата сезона, а многумина сметаат дека Серија А оваа сезона ќе биде исклучително интересна.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Почетокот на сезоната најмногу се чека поради Кристиано Роналдо кој денес би требало да дебитира во дресот на Јувентус против Киево во Верона.
Преодниот рок на Апенините е завршен, а Италијанците ова лето потрошија повеќе од колку што се очекуваше. Клубовите од Италија во овој преоден рок на нови фудбалери потрошија рекордни 1.15 милијарди евра и на листата пред нив се само англиските клубови кои потрошија 1.5 милијарди евра.
Италијанците трета година по ред се втори најголеми трошации после Англичаните, а тоа е доказ дека се враќаат на самиот врв на европскиот фудбал. Најмногу потроши Јувентус, кој за засилувања даде точно 250 милиони евра, а скоро половина од таа сума ја потроши за Роналдо.
На второ место се наоѓа Рома која за засилувања потроши 136 милиои евра и донесе дури 13 нови засилувања. Меѓутоа, „волчицата“ заработи преку 100 милиони евра од продажбата на Алисон и Наинголан.
Ова лето значително се засилија и миланските гиганти Интер и Милан, па сигурно не очекува возбудлива сезона и голема борба за пласман во Топ 4.