Не е тајна дека Мајкл Џордан е голем фан на голфот и обложувањети. За најдобриор кошаркар на сите времиња кружат разни приказни, а најновата ја раскажа хокеарската легенда на Чикаго, Џереми Роник.
Роник раскажа една интересна анегдота за обложување со Џордан. Изгледало невозможно ѕвездата на Чикаго да го добие тој облог, но Џордан сепак успеал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Игравме голф и го победив неколку пати. Заработив околу 1000 долари и тој се спремаше да си оди дома. Булсите таа вечер играа со Кливленд. Беше околу 10 часот наутро и на заминување ми кажа: Не, да одиграме уште една партија“, раскажува Роник.
Хокеарот повторно го добил Џордан и заработил уште 1000 долари, но партијата малку се одолжила и Џордан морал од голф да оди право на натпреварот со Кливленд.
„Продолживме да играме и да пиеме пиво, секој веројатно испи по 10 пива и после тоа тој требаше да оди право на натпреварот. Се шегував и му кажав дека сите пари кои ги добив од играњето голф со него ќе ги уплатам на победа на Кливленд“.
„На тоа тој ми одговори: Знаеш што? Ајде да се обложиме на цела твоја заработка денес дека ќе победиме со 20 разлика и дека јас ќе дадам 40 поени. Се согласив истата секунда. Кој не би? Човекот на крајот постигна 52 поени и Булси ги победија Кавси со 26 или 27 разлика така нешто“, откри Роник.
Иако Роник не кажа за кој точно натпревар се работи ако се погледне архивата веројатно тоа бил натпреварот од 1992 година. Џордан не постигнал 52 поени, меѓутоа поестигна 44, а Булси победиле со 126:102.
MJ once dropped 52 points on the Cavs after playing 36 holes and housing beers all day with @Jeremy_Roenick. ?pic.twitter.com/h4mHaYR2lF
— Corey Holloway (@CoreyRHolloway) November 8, 2019