Дома Фудбал Италија Како ќе се вика новиот стадион на Милан и Интер?

Како ќе се вика новиот стадион на Милан и Интер?

Тоа што се најавуваше изминатите денови вчера доби официјална потврда. Милан и Интер направија заеднички проект за изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“ или „Џузепе Маца“ за навивачите на Интер, а би требало да биде готов за сезоната 2022/23.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чекаше само зелено светло од раководството на Интер кое пристигна вчера.

„Новиот стадион е приоритет за нашиот клуб, како и за Милан. Се согласивме со предлогот на Милан за заеднички стадион, бидејќи сметаме дека тоа е најдоброто решение“, изјавија директорите на Интер.

Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 600.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од нешто повеќе од 60.000 места и ќе започне да се гради веднаш до до сегашниот каде што сега има место за паркинг.

Веднаш после изградбата на новиот стадион донесена е одлука стариот ќе биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.

„Република“ пренесува дека стадионот во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Милан и Интер играат на стадионот кој едните го викаат „Сан Сиро“ ,а другите во „Џузепе Меаца“ и е во сопственост на општината и плаќаат кирија, па поради тоа имаат и мала заработка. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба годишно од стадионот заработуваат по околу 30 милиони евра, а проценките се дека со новиот стадион ќе заработуваат по 70 до 80 милиони евра.

Денес се појавија прашања и за името на стадиот. Како би се викал новиот стадион?

Многу веројатно нема да биде ниту „Сан Сиро“, ниту „Џузепе Меаца“. Очекувањата се името да биде дадено по спонзорот како што направија голем број европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави објасни зошто се предомислил и решил да остане тренер на Барселона

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона Чави Ернандез во четвртокот изјави дека о…