ВАР од оваа сезона се користи во англиската Премиер лига. Меѓутоа новата технологија во Англија често пати знае да предизвика и многу контроверзии.
Во Премиер лигата беа видени неколку сомнителни, па дури и нелогични одлуки без оглед на тоа што ВАР се користи. Некои од тие моменти беа одлучувачки на натпревари, а „Тајмс“ сега одлучи да направи табела во Премиер лигата без ВАР. При правањето на оваа табела тие ги важеа само судиските одлуки донесени на теренот, пред ВАР да ги корегира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул и понатами би бл на првото место со 28 бодови, но би имал помала предност во однос на Манчестер Сити. Сите според оваа табела има 24 бода. Двата дополнителни бода за Сити доаѓаат од натпреварот со Тотенхем во август кога на Габриел Хесус во последните моменти му беше поништен гол поради претходно играње со рака на Лапорт.
И Челзи би имал бод повеќе и со 21 ќе се наоѓаше на третата позиција, додека Лестер со еден помалку ќе беше пласиран на четвртата позиција.