Разговор за помалку од 20 секунди го спремил Кристиано Роналдо за направи трансфер во Манчестер Сити, кој бил договорен до последни детали.
Повикот бил од страна на легендарниот Алекс Фергусон, за кого Португалецот секогаш сметал дека е неговиот „фудбалски татко“. Според „Мирор“ се било договорено Роналдо од Јувентус да се пресели во Сити за 25 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во тој монент Фергусон му се јавил на Роналдо и му го кажал следното „не потпишувај со Сити“.
После решителниот тон на Фергусон, на Роналдо му станало јасно дека Јунајтед веќе работи на трансферот за негово враќање на „Олд Трафорд“, што се случи само два дена покасно.
Фергусон потоа призна дека не можел да дозволи да го гледа Роналдо со дресот на Манчестер Сити.