Шпанскиот играч за врска, Фабиан Руиз ова лето пристигна во Наполи од Бетис за сума од 30 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот беше доведен како замена за Жоржињо и веднаш се покажа како големо засилување за Наполи бидејќи прикажува одлични партии.
„Мојата кариера во Серија А не започна добро, на стартот се повредив и мораше да паузирам три недели. Сега е се одлично, уживам и среќен сум во Наполи. Анчелоти е фантастичен тренер, тивок и близок со играчите“, изјави Фабиан Руиз.
Интересно е како Шпанецот заврши во Наполи, за тоа е виновна снаата на тренерот Анчелоти.
„Синот на Анчелоти, Давиде ме препорача да ме купат. Неговата вереница е од Севиља и често доаѓаше таму. Кога доаѓаше кај неа ги гледаше натпреварите на Севиља и Бетис. Ме видел како играм во неколку наврати и му предложил на Анчелоти да ме купи. Се запознав со него и неговата вереница и им се заблагодарив, поради нив сум овде“, откри Руиз.