Фудбалерите на Челзи беа убедливо поразени на својот „Стенфорд Бриџ“ во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал Мадрид ги победи со 3:1 и си создаде одлична предност пред реваншот.
Овој пораз тешко им падна на сите во клубот, а посебно на тренерот Тухел. Германскиот стратег зборуваше за британските медиуми за начинот на кој ја анализирал снимката против Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Педнатниот тренер ја изгледал снимката веднаш по враќањето дома од натпреварот, но и уште еднаш наредното утро.
„Седев во собата во текот на целата ноќ и јадев баш многу чоколадо за повторно да поминам низ целиот тој стрес во натпреварот. Започнав да пишувам и пишувам, запишував буквално се. Во еден момент го притиснав копчето за премотување напред, го убрзав видеото за побрзсо да помине. Во еден момент морав и да ја запрам снимката за да прошетам до кујната и дневната да се смирам“, расакажа Тухел.