Дома Фудбал Англија Како таткото на Мата се грижи Гвардиола и Мурињо да не се сретнат во ресторан!?

Како таткото на Мата се грижи Гвардиола и Мурињо да не се сретнат во ресторан!?

Ривалството кое владее меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.е едно од најголемите во модерниот фудбал, а двајцата тренери долго време живееа во ист град.

Ривалството на двајцата менаџери датира уште од времето кога ги предвоеа Реал Мадрид и Барселона, па продолжи и кога седена на кормилата на градските ривали од Манчестер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Таткото на ѕвезда на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, откри дека Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо редовно доаѓаат во неговиот ресторан во Манчестер, но тој се грижи да нема „непријатна средба“.

„Пеп Гвардиола доаѓа тука често. Тој доаѓа со своето семејство. Жозе Мурињо доаѓа најмалку еднаш во две седмици. Гвардиола и Мурињо се совпаѓаат понекогаш во термините, но јас секогаш сакам да бидам сигурен дека тие нема да се сретнат, па така ги ставам во различни приватни соби“ изјави Хуан Мануел Мата за шпанските медиуми.

„Постои голема фудбалска атмосфера, тука не јаде само мојот син, туку исто и Давид Де Геа, Андер Ерера и останати фудбалери, овој ресторан е како да имате мал дел од Шпанија во Манчестер“, додаде таткото на Мата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…