Поранешниот трансфер гуру на Милан, Адриано Галиани за италијанските медиуми даде опширно интервју каде откри многу инетресни детали.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Покрај коментар за актуелната ситуација предизвикана од пандемијата со коронаворус, Галиани откри интересна анегдота со Серхио Рамос.
„Бев во Мадрид на вечера со Анчелоти и некои директори од Реал Мадрид и во еден момент пристигна и Серхио Рамос. Седна до мене и почнавме да разговараме, па ме праша колкава е платата на Тиаго Силва во Милан. Откако му одговорив ми рече: „Точно толку пари и јас барам од мојот претседател“. После неколку дена го продолжи договорот со Реал“.
„Неколку месеци подоцна бев на вечера во Ибица и во ресторанот дојде Серхио Рамос. Дојде до мене се поздравивме и позборувавме малку. На крајот кога побарав да ја платам сметката ми кажаа дека веќе платил Рамос. Од тогаш сме во многу добри односи“, открива Галиани.