Дома Трансфер зона Како пропадна трансферот на Џеко во Јувентус?

Како пропадна трансферот на Џеко во Јувентус?

Босанскиот напаѓач Един Џеко веќе беше виден како нов играч на Јувентус, но на крајот место него во Торино заврши Алваро Мората.

Иако Џеко имаше се договорено со Јувентус, а се постигна и договор помеѓу Јувентус и Рома трансферот на Џеко пропадна.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Зошто?

„Ла Република“ објави дека на лакарските прегледи на Милик кој требаше да го замени Џеко во Рома била откриена повреда на коленото. Рома поради тоа барала гаранција од Наполи и клазула во договорот според која би имала право да си врати дел од оштетата ако Милик продолжи да има проблеми со коленото.

Ваквото барање го налутило сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој уште тогаш, односно во саботата ја известил Рома дека се откажува од работата.

Јувентус како голем клуб не сакал да чека и се свртел кон нови решнија. Вчера во Торино допатува Мората кој денес откако ќе ги помине лекарските прегледи ќе потпише договор со „старата дама“.

Така според италијанските медиуми пропадна трансферот и Рома сега е во проблем затоа што сака да се ослободи од големиот договор на Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…