Дома Трансфер зона Како пропаднал трансферот на Халанд? Раиола побарал „луда“ провизија

Како пропаднал трансферот на Халанд? Раиола побарал „луда“ провизија

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд беше еден од најбараните играчи на трансфер пазарот, но сепак на крајот остана во Бундеслигата.

Најсилен интерес ова лето за Халанд покажуваше Челзи. „Сините“ спремија богата понуда, но трансферот пропаднал поради астрономската провизија која ја побарал неговиот менаџер, Мино Раиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на „Билд“, Раиола покрај високата плата побарал и провизија од 40 милиони евра за себе.

Халанд има откупна клаузула која се активира следното лето и изнесува 75 милиони евра, но клубот кој што сака да го донесе ќе треба да ја плати и провизијата за Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…