Чешкиот напаѓач открива што се случувало летото кога требаше да премине во Јувентус, но на крајот заврши во Рома.
Патрик Шик во 2017 година пристигна во Рим, Рома го доведе на позајмица со право на откуп до крајот на годината. На крајот одлучија да го откупат договорот на Шик од Сампдорија, а договорот и сега е многу комплициран и содржи бројни клазули и бонуси. Сампдорија од неговиот трансфер би можел да заработи и до 42 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, познато е дека овој чешки напаѓач беше блиску до Јувентус, тој дури и два пати посетуваше медицински прегледи во Торино, но на крајот го облече дресот на Рома.
„Тимот на Јувентус не даде зелено светло после извршените медицински прегледи. Бев несигурен кога е мојата иднина во прашање – дали да останам во Сампдорија уште една година или да ги прифатам понудите од другите тимови. На крајот завршив во Рома“
„Медицинските тестови со Рома ги направив два месеци после оние во Јувентус, значи тие имале два месеци. Висината на трансферот не ја одредив јас. Секако дека тоа е цената создава притисок, но јас го надминав тоа. Најлошото е позади мене“, изјави Шик.
Исто така тој откри дека имал можност да премине во Борусија Дортмунд, но на крајот одлучил да остане во Италија.
https://www.youtube.com/watch?v=LZjt9p_SAAg