Фудбалерот на Ајакс Давид Нерес како и повеќе негови соиграчи со своите настапи оваа сезона го привлече вниманието на голем број европски клубови.
Овој 22 годишен Бразилец одигра вкупно 50 натпревари во дресот на Ајакс, запиша 15 асистенции и постигна 12 голови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше доволно интерес за неговите услуги да покажат Атлетико, Јувентус, Интер и ПСЖ, но засега ниту еден од овие клубови не повлекол конкретен потег.
Затоа Нерес и понатаму е дел од тимот од Амстердам, а сега раскажа една интересна анегдота во која главни актери се тој и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.
„Тренерот Ерик Тен Хаг ми кажа дека имам лоша фризура. Јас му одговорив да се грижи за неговата фризура, а јас ќе се погрижам за мојата. Поради бев ставен на клупа во следните два натпревари“, изјави Нерес.
Во овој момент тој се наоѓа со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка. Вчера Бразилците го отворија турнирот со триумфот над Колумбиај од 3:0, Нерес во тој натпревар играше до 82-та минута.
Ajax forward David Neres: “Erik ten Hag (coach) once complained about my hair. I told him to take care of his own hair, and I will take care of mine. He put me on the bench for the next two games." pic.twitter.com/OARYw2DVcr
— Bolarinwa Olajide (@iambolar) June 14, 2019