ФИФА вчера го избра Роберт Левандовски за најдобар во светот за 2021 година и веќе е познато кој за кого гласал.
Португалецот Кристијано Роналдо кој вчера доби специјална награда на првото место го савил победникот Левандовски, на второто Канте, а на третото Жоржињо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лионел Меси кој му беше главен конкурент на Левандовски и заврши на втората позиција не гласал за полскиот голгтер. Аргентинецот на првото место го рангирал својот соиграч од ПСЖ, Нејмар, потоа Мбапе, па Бензема.
Левандовски пак гласал за Меси и го ставил на втората позиција. Најмногу поени му дал на Жоржињо, а на третото место го сместил Роналдо.