Дома Фудбал Останато Како виното: Роналдо во 2023 година постигна 50 гола

Како виното: Роналдо во 2023 година постигна 50 гола

Aл Наср вчера го победи Ал Шабаб со резултат 5:2 и така се пласираше во полуфиналето од саудискиот куп на кралот. Кристијано Роналдо на оваа средба постигна еден гол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалецот беше стрелец на четвртиот гол на натпреварот, прецизно погоди во 74. минута по асистенцијата на Отавио.

Тоа беше јубилеј за Роналдо кога во прашање е 2023 година – голот во мрежата на Ал Шабаб за него беше 50-ти во календарската година. Ерлинг Халанд од Манчестер Сити исто така постигна 50 гола, а Хари Кејн и Килијан Мбапе по 49.

На овој натпревар Роналдо ја забележа и својата 14-та асистенција во 2023 година. Во актуелната сезона Роналдо има 26 гола од кои 16 даде на 15 натпревари во саудиската Про лига.

Вкупно во кариерата еден од најдобрите на сите времиња е на бројката од 896 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …