Дејвид Бекам за Манчестер Јунајтед настапуваше од 1993 до 2003 година, а во тој период клубот од „Олд Трафорд“ го предводеше легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Познато е дека Дејвид Бекам во Јунајтед го носеше дресот со број седум кој го наследик од Ерик Кантона, а подоцна му го препушти на Кристиано Роналдо. Познатата „седмица“ на „Олд Трафорд“ на својот грб ја имаа уште и Брајан Робсон, Џорџ Бест, а сега е во сопственост на Алексис Санчез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Малку познато е дека Бекам на почетокот не требало да го носи тој број откако Кантона го напушти клубот во 1997 година. До тој момент Бекам во Јунајтед промени дури четири броеви за пет години – 10, 15, 24 и 28.
Со заминувањето на Кантона, иконската „седмица“ остана без сопственик, а Фергусон очекувал по Кантона да заврши на грбот на Рој Кин! Токму поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ раскажа анегтота од тој период која за многумина не е позната.
„Кога Кантона го напушти клубот се водеше дебата околу тоа кој ќе ја наследи капитенската лента, но и неговата „седмица“. Фергусон ме повика во неговата канцеларија и ми кажа дека сака да го носам тој број, но јас бев прилично рамнодушен. Всушност, знаев дека Бекам го сонува тој број“, започна Кин и продолжи:
„Му кажав: Не, дајте му ја на Бекс. Тој сонува за „седмицата“, а јас си ја сакам мојата „16-ка“. На крајот Бекам навистина ја доби „седмицата“ која многу му значеше. Беше тоа вистински потег“, откри Кин.