Дома Фудбал Како Барса го отпуштила Валверде?

Како Барса го отпуштила Валверде?

Ернесто Валверде од вчера и не е официјално тренер на Барселона.

Долго му се тресеше тренерското столче, а капката што ја прели чашата беше поразот на Атлетико Мадрид во полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера, Валверде имаше средба со претседателот на клубот, Jосеп Марио Бартемеу на која очекуваше да биде отпуштен, но тоа не се случи.

Според шпанските медиуми, Валверде ја напуштил оваа средба како тренер на Барселона и се подготвувал за попладневниот тренинг, но потоа следувал телефонски повик. Тој бил побаран од неговиот агент кој му соопштил дека бил повикан од клубот од каде му соопштиле дека Валверде повеќе не е тренер.

Инаку, некои легенди на Барса сметаат дека Валверде не го заслужил тоа. Пеп Гвардиола и Андрес Иниеста се некои од оние кои решиле да излезат во јавност со свои мислења.

„Жал ми е за Ернесто, тој не го заслужи ова. Како играч на Барселона, ме боли да го гледам клубот како се третира нивниот тренер“, рече Пеп, како што додаде Иниеста:

“Клубот многу лошо третира човек кој е негов и кој заработи две титули во шпанската лига во две сезони. Не само што не застанаа зад него, туку тие преговараа со голем број други кандидати, додека тој сè уште беше тренер”.

Патем, Валверде го водеше тимот на 144 натпревари за време на неговиот мандат во Барса. Валверде запиша 97 победи, 32 нерешени и 15 порази. Освои два трофеи во Ла Лига, Кралски Куп и Супер куп на Шпанија.

На негово место во Барселона дојде Кике Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…