Дома Македонски спорт Мак ракомет Каков Роналдо? Видете колку скока Кире Лазаров!

Каков Роналдо? Видете колку скока Кире Лазаров!

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и на ова Европско првенство покажа дека е  незадржлив за противничките одбрани.

Лазаров со години е еден од најдобрите ракометари во светот, а со 19 погодоци по двете кола, капитенот на македонската репрезентација е на третото место на листата на најдобри стрелци на ЕП. 

Педантните статистичари на ЕП пресметале дека Лазаров има направено одраз од 74 сантиметри и е на делба на првото место во оваа категорија.

Неодамна Роналдо ги импресионираше сите кога на дуелот против Сампдорија се одрази 71 сантиметар, а нашиот капитен има подобар одраз за цели 3 сантиметри од Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шест јунски меча за одбојкарите во битката за ЕвроВолеј 2028

Македонија ќе одигра три турнири во Европската лига 2027, а последниот ќе биде на домашен …