Баерн Минхен е екипата која доминира во европскиот фудбал, доведувањето на Ханс Флик на клупата се покажа како полн погодок.
Имено, откако Флик го превзема Баерн овој тим освои повеќе трофеи отколку што запишале порази или нерешени резултати. Машинеријата на Баерн вчера ја победи Севиља и го освои европскиот Суперкуп. Тоа воедно беше 23. победа во низа за германскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн така после Бундеслигата, купот и Лигата на шампионите стигна до својот четврти трофеј во 2020 година и тоа на навистина супериорен начин.
Последниот „кикс“ екипата од Минхен го имаше во февруари против Лајпциг (0:0), а под водство на Флик поразени се само од Баер Леверкузен (1:2) во ноември 2019 година и Борусија Менхенгладбах (1:2) во декември 2019 година.