Дома Фудбал Останато КАКОВ МАЈСТОР БЕШЕ: Пет најголеми моменти во кариерата на Роналдо Назарио Де Лима (ВИДЕО)

КАКОВ МАЈСТОР БЕШЕ: Пет најголеми моменти во кариерата на Роналдо Назарио Де Лима (ВИДЕО)

Бразилскиот или како некој сакаат да го наречат „вистинскиот“ Роналдо имаше неверојатно кариера во која даде многу на фудбалската игра.

Замислете да сте толку добар фудбалер за не е еднаш, туку два пати да го соборите рекордот за висина на трансферот. Само двајца играчи го направиле тоа. Првиот? Диего Марадона. Вториот? Роналдо. Бразилскиот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И покрај проблемите со повредите Роналдо имаше неверојатна кариера, а ова се веројатно неговите пет најдобри моменти во кариерата. Од таква кариера навистина е тешко да изберете само пет.

Неверојатната сезона на стадионот „Камп Ноу“.

Единствената сезона на Роналдо во Барселона беше фантастична. Слаб, моќен и технички беспрекорен, Бразилецот цела сезона беше кошмар за одбраните, а сезоната ја заврши со 47 постигнати голови.

И во продолжение од кариерата Роналдо беше одличен, но никогаш не блескаше како таа сезона. Ако има таков кој не разбира зошто овој играч е толку легендарен би требало да погледне делови од играта на Роналдо во оваа сезона.

Извинување за финалето на Светското првенство

На денот на финалето на Светското првенство во 1998 годин Роналдо доживеа некој вид чудна медицинска приказна чии детали можат да отидат и во теорија на завера. Сепак, што и да се случило влијаеше на настапот на Бразилецот, Франција во финалето победи со 3:0.

Четири години подоцна Роналдо се врати на најголемата светска сцена. Постигна осум голови на целиот Мундија, а од нив беа два во финалето против Германија и му помогна на Бразил да дојде до петтиот трофеј на овој турнир.

Дебито во Реал Мадрид

Првиот натпревар во новиот клуб за многу играчи може да биде игра на нерви. Добро го знае тоа Роби Кин. Меѓутоа Роналдо на дебито не дојде загрижен. Влезе во 64. минута против Алавес и доби овации од целиот стадион. Само една минута подоцна на гради го прими нафрлувањето на Роберто Карлос, а потоа мајсториски шутна во подалечниот агол и погоди. Подоцна го искористи додавањето на Стив Мекманемам и по втор пат погоди.

Хет-трикот на „Олд Трафорд“.

Морате да бидете голем фудбалер за да постигнате хет-трик на „Олд Трафорд“, а уште подобар за тоа да го направите како фудбалер на екипа која гостува на тој стадион. Уште ако додадеме дека тоа го направи во четвртфиналето од Лигата на шампионите…Роналдо тоа го направи во 2003 година.

Враќањето во Коринтијас

Завршниот чин на големата кариера на Роналдо беше од помош на Коринтијас. Роналдо постигна 10 голови на 14 натпревари во сезоната во која Коринтијас стигна до титулата и ја покажа магијата која со себе ја носеше цела сезона.

На крајот повредите го принудија да се повлече од фудбалот во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…