Дома Фудбал Репрезентации Каков дебакл: Аргентина прими шестка од „Црвената Фурија“ (ВИДЕО)

Каков дебакл: Аргентина прими шестка од „Црвената Фурија“ (ВИДЕО)

Екипата на Шпанија убедливо славеше над Аргентина со 6:1, резултат кој репрезентацијата на Меси го нема преживеано во својата историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Меси не играше на денешниот меч, Аргентина познато е дека има силна експидиција, но не и овојпат кога на другата страна се најде екипата на Шпанија.

Резултатот го отвори Коста во 12. минута, додека Иско реализираше за 2:0 веќе во 27. минута од мечот. Отаменди до крајот на првиот дел успеа да ја намали негативата и да донесе надеж за „Гаучосите“ во вторите 45 минути.

Иско но затоа, им ги урна сите надежи на Аргентина со погодок по само седум одиграни минути во вториот дел, а по само три минути на веќе убедливи 4:1 зголеми Алкантара. Во убедливите 6:1 придонесе и Аспас чиј беше петтиот погодок, а конечниот резултат со хет-трик го заокружи Иско.

 

https://www.youtube.com/watch?v=fepWdjRHIRY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …