Македонскиот голман Никола Митревски имаше одлично издание во финалето од Купот на Португалија, но и покрај тоа неговиот Порто остана без трофеј.
Митревски во натпреварот во кој Спортинг славеше со 30:34 беше одличен од почетокот до самиот крај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клучната предност Спортинг ја направи во првото полувреме кое го доби со 18:14, а во продолжение успеваше да ја одржи предноста.
На голот Митревски собра 15 одбрани, меѓутоа не се изрува на трофадејот. Ќе потсетиме, Митревски од наредната сезона ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер со кого веќе потпиша договор.