Дома Фудбал Англија Какви се правилата на ФИФА при вакви трагични настани, што со 17-те милиони евра за трансферот на Сала?

Какви се правилата на ФИФА при вакви трагични настани, што со 17-те милиони евра за трансферот на Сала?

Спасувачките служби и полицијата вчера ја прекинаа потрагата по авионот во кој се наоѓаше Емилијано Сала.

После три дена потрага не беа пронајдени траги од авионот кој беше управуван од пилотот Дејв Иботсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега иако кога човечкиот живот е во прашање парите и не се толку важни се поставува прашањето – што со милионите кои Кардиф ги плати?

Документацијата на фудбалерот беше регистрирана на неколку часа пред да исчезне.

Шансите за преживување се навистина мали, па на многумина не им е јасно дали Кардиф ќе биде обврзан да ја исплати сумата од 17 милиони евра која е клупски рекорд.

Правилата налагаат дека Кардиф мора да ја плати договорената цена, а Нант нема обврска да ги врати парите. Премиерлигашот веќе исплатил шест милиони евра како прва рата, додека преостанатите 11 ќе бидат исплатени во две рати.

Нант не е должен да ги враќа парите и веројатно тоа нема да го направи тоа. Сепак ниту Кардиф нема финансиски да биде оштетен. Причина е осигрувањето кое го има ФИФА за вакви трагични настани. Сумата на Кардиф ќе му биде вратена, но затоа ќе треба да се почека неколку месеци.

Сепак, ваквите работи сигурно се во втор план кога се работи за нечиј живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…