Дома Фудбал Италија Каква Лига на шампиони, главна цел на Јувентус и наредната сезона е Серија А

Каква Лига на шампиони, главна цел на Јувентус и наредната сезона е Серија А

Нема револуција, порача Масимилијано Алегри и најави останување на клупата на „старата дама“.

Која и да е по ред титула во Серија А во Јувентус ќе се слави и сигурно во Торино ќе уживаат во доминацијата која во домашното првенство која веќе трае осум години. После вчерашната победа против Фиорентина од 2:1 „старата дама“ и дефинитивно ја обезбеди осмата титула во низа во Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ниту еден клуб никогаш претходно во најсилните пет првенства на „Стариот континент“ осум години во низа не успевал да биде шампион. До вчера првото место Јувентус го делеше со Лион кој освои седум титули во низа, а сега се осамени на тронот.

Кристиано не ја исполни својата цел во првата сезона во клубот, Лигата на шампионите и понатаму останува опсесија за „старата дама“, но неговиот учинок не е за потценување – 26 голови и 13 асистенции во сите натпреварувања. Притоа сезоната се уште не е завршена. Роналдо се бори за прв стрелец во првенството, во овој момент Кваљарела има три гола повеќе од него.

После освојувањето Роналдо јасно порача дека не заминува.

„Останувам во Јувентус, тоа е сигурно 1000%“, изјави Роналдо.

Алегри исто така потврди дека останува, а најави дека главна цел на Јувентус и наредната сезона ќе биде одбрана на титулата, а не Лигата на шампионите.

„Сигурно останувам. Имам важечки договор. Не сме разговарале со клубот, меѓутоа тоа нема да биде разговор за договорот, туку за проценките во иднина. Јуве сигурно повторно ќе има шампионски тим, меѓутоа треба да се процени каде треба да се подобриме. Како и што секоја сезона правевме во изминатите години“, изјави Аелгри.

Новинарите одново ја допреа болната точка на Јувентус – Лигата на шампионите.

„Не, наша главна цел и наредната сезона ќе биде Скудетото. Ќе се бориме против миланските клубови кои се подобруваат, Наполи исто така расте, Рома и Лацио сигурно ќе се засилат во текот на летото. Ние нема да правиме никаква револуција, едноставно ќе се обидеме да ги поправиме деловите кои беа помалку добри“, најави стратегот на италијанскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…