Легендарнииот Бразилец , Рикардо Изексон дос Сантос Леите, попознат како Кака, вчера и официјално објави крај на својата богата кариера.
Кака се огласи на социјалните мрежи, ставајќи крај на шпекулациите за својата иднина, откако во октомври му заврши договорот со американскиот клуб Орландо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мојата кариера на професионален фудбалер се завршува. Ми требаше време малку да размислам во мир. Зборував со најблиските и заклучив дека е момент да завршам со фудбалот. Подготвен сум за ново патување“, напиша 35-годишниот Бразилец.
Играчкиот пат Кака го започна во Сао Паоло, а фудбалската афирмација ја доживеа во Милан каде настапуваше од 2003 до 2009 година, а во 2007 година беше избран за најдобар фудбалер во светот.
Да се потсетиме на некои од неговите најубави голови кои ја одбележаа неговата кариера…секако, оној на „Олд Трафорд“ е без конкуренција.