Дома Македонски спорт Мак фудбал Кадино не се откажува: Со големи промени ќе „брка“ опстанок!

Кадино не се откажува: Со големи промени ќе „брка“ опстанок!

Тимот на Кадино оваа сезона се избори за настап во втората лига, меѓутоа тука на овој тим му оди тешко и после првиот дел од сезоната се наоѓа на последното место на табелата.

Сепак, тимот не се откажува и со големи промени во текот на паузата ќе се обиде да го надополни заостанувањето од 9 бода. Пред Кадино се Охрид со 11, бода, додека Кораб и Вардар Форино кој е над опасната зона имаат по 18 бода.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Кадино пристигна нов тренер и тоа Maрјанчо Андрески кој неодамна беше тренер на ФК Работнички, а направени беа и промени во играчкиот кадар.

Од Кадино заминаа:

Дарио Десниќ (Фк Борец)
Дарко Ѓурчиновски (Фк Скопје)
Филип Неделковски (Фк Скопје)
Антонио Ивановиќ (Фк Скопје)
Дарко Дигаловски (Фк Плачковица)
Мартин Петровски (Фк Плачковица)
Блерим Амети (Фк БВК)
Ѓоко Алексовски – /
Никола Миноски – /

Во клубот пристигнаа:


Лео Јанкуловски (Фк Работнички)
Никола Андрески (Фк Работнички)
Давид Спасовски (Фк Работнички)
Марко Андоновски (Фк Работнички)
Стефан Симоновски (Фк Работнички)
Јовица Радески (Фк Македонија Ѓорче Петров)
Елвир Рамиќ (Фк Осогово)
Марио Антевски (Фк Локомотива)
Христијан Стојановски (Фк Каменица Саса)
Матеј Миленков (Фк Борец)
Стефан Благојевски (Фк Ран производ С.Бара)

Првиот натпревар во втората полусезона Кадино ќе го игра против Гостивар на домашен терен во сабота во 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…