Она што го правеше во Торино Бепе Марота го продолжува во Интер, тоа е неговиот рецепт за успех.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус во изминатата деценија доведе голем број играчи без оштета. Марота стана вистински мајстор за доведување на слободни агенти и таа навика сака да ја практикува и во Интер.
Минатото лето Годин пристигна бесплатно од Атлетико како големо засилување, а повеќе од Марота се очекува во наредниот преоден рок.
Наводно веќе составил листа од пет фудбалери кои остануваат без договор. Првото и најзвучно е Кристијан Ериксен, играч кој многу клубови ќе сакаат да го доведат во своите редови, неговиот договор истекува на лето. Соиграчот на Ериксен, Вертонген е во иста позиција и Конте покажал интерес за него затоа што е фудбалер кој е навикнат да игра со тројца во последната линија.
Интер има проблеми со страничните позиции и на тие позиции Мение и Курзава од ПСЖ ќе бидат слободни. Вториот кој игра по левата страна би требало да биде приоритет.
И на крајот, Дрис Мертенс. Некои медиуми пишуваат дека со него работата е скоро завршена. Белгиецот наводно прифатил плата од шест милини евра по сезона. Интер за него е подобра опција од Кина од каде што се поврзуваше со неколку клубови. Од друга страна останување во Наполи после се што се случуваше тешко може да се очекува.