Едисон Кавани се очекува да биде сериозно засилување за Манчестер Јунајтед, Уругваецот ја зама и „7-та“ која на „Олд Трафорд“ ја носеа имиња како: Кристијано Роналдо, Бекам, Кантона, Џорџ Бест…Сепак иднината на Кавани можела да биде поинаква.
Имено, самиот фудбалер откри дека пред одредено време размислувал да ја прекине кариерата поради коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Моето и здравјето на семејството секогаш е на прво место, па затоа размислував да се повлечам од фудбалот. Страдавме за време на коронавирусот со мојата фамилија и мојата девојка. Навистина беше лошо поради стравот, благодарение на Бог сега е се во ред е еве ме тука“.
„Како што кажав вистина е, ја разгледував можноста да престанам да играм фудбал и да се посветам на мојот живот на село. Во таква ситуација нормално е да размислуваш на таков начин, првенствата стартуваа, јас сакав да најдам тим, но некогаш се појавуваат работи кои не ти дозволуваат да го направиш тоа што го сакаш“.
„Од денешна гледна точка среќен сум за одлуката и што ќе го носам дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Кавани.
Инаку, Кавани немаше баш добар почеток во Јунајтед – тука погледнете каде заврши еден негов шут на еден од првите тренинзи со новиот клуб.