Долго време се шпекулира дека Единсон Кавани би можел да си замине од ПСЖ како слободен агент наредното лето.
Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона и се шпекулираше дека тој ќе биде првото звучно засилување на Интер Мајами, новиот клуб на Дејвид Бекам. Во последно излегоа информации дека за Кавани се интересира и Атлетико Мадрид, меѓутоа Уругваецот сигурно нема да оди никаде во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Зошто Еди би заминал од Париз во јануари? Има шанса да игра за шампионот на Франција пред публика која го обожава. За иднината ќе видиме, одговорите ќе пристигнат во следните месеци, но зошто би заминал кога овде се чувствува прекрасно?“, истакна близок пријател на Кавани.
Во овој момент ПСЖ не размислува да му понуди нов договор на Уругваецот, па големи се шансите двете страни да се разделат на крајот на сезоната.