Кристиано Роналдо стигна во Манчестер Jунајтед и веднаш покажа кој е главен.
Едисон Кавани можеше да се избори за поголема минутажа покрај Ентони Марсијал минатата сезона, но оваа сезона тоа ќе биде невозможно. Роналдо е најистурен напаѓач, тоа значи дека нема да се наигра. Вистина е дека Кавани беше надвор од тимот поради повреда, но и сега кога се врати одигра само неколку минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баш поради во јануари би можел да си замине, а сега се споменува Барселона како негова можна наредна дестинација. Каталонците имаа проблем во нападот, Лук Де Јонг дојде во последниот ден од преодниот рок, но засега не се покажа.
Кавани исто така би бил доведен како привремено решени бидејќи на лето се најавува поголемо име. Барса на 31. август се обиде да го доведе Кавани на позајмица, но тогаш Јунајтед ја одби понудата.