Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани имал разговор со клупското раководство во однос на својата иднина.
Според англиските медиуми Уругваецот овој пат му ја соопштил на раководството конечната одлука дека на крајот на сезоната ќе си замине од „Олд Трафорд“ и ќе се пресели во Бока Јуниорс, за да биде поблиску до семејството.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За овој трансфер се зборува веќе подолго време, па дури и такото на Кавани потврди дека фудбалерот не се чуствува добро на Островот. Солскјер и раководството се обидуваа да го убедат да остане уште една сезона, но Кавани веќе донел конечна одлука.
Кавани немаше посебни проблеми при адаптацијата на англискиот фудбал и до сега има 10 гола за Јунајтед, но се чуствувал осамен во Англија и сака да се врати во Јужна Америка.