Дома Фудбал Кавани во необична улога: Погледнете го како шиша овци (ВИДЕО)

Кавани во необична улога: Погледнете го како шиша овци (ВИДЕО)

Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани ова лето веројатно ќе го промени клубот бидејќи му истекува неговиот договор со ПСЖ, а сега имаше една активност која ретко кој фудбалер ја практикува.

Кавани во ПСЖ пристигна летото 2013 година од редовите на Наполи и тоа се покажа како одличен потег. Овој 33 годишник стана најдобриот стрелец на ПСЖ со 200 голови на 301 натпревар.

Но, одлучи на крајот на оваа сезона да го напушти клубот по истекот на неговиот договор, според пишувањето на француските медиуми кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Сезоната во Франција уште на почетокот на мај беше прекината и фудбалерите се на принуден одмор скоро три месеци. Кавани одлучи да отпатува во Уругвај за да помине повеќе време со семејството.

Изгледа дека враќањето дома и тоа како му годи и во целост се одморил од сите фудбалски случувања. На друштвените мрежи се појави видео од Кавани како шиша овци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…