Дома Македонски спорт Мак фудбал Кавадарци се мобилизира: „Лозари“ со десет автобуси ќе гостуваат во Струмица!

Кавадарци се мобилизира: „Лозари“ со десет автобуси ќе гостуваат во Струмица!

Во недела ќе се игра бараж дуелот за место во првата лига помеѓу Тиквеш и Воска кој во претходниот период предизвика реакции во јавноста и поради местото на одигрување.

Прво требаше да се игра во Прилеп, потоа се појави најава дека дуелот ќе се игра во Скопје за на крајот да се донесе одлука дуелот Тиквеш и Воска да се игра во Струмица.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преку социјалните градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави дека во недела ќе има организиран превоз до Струмица.

„Оваа недела на стадионот ,,Младост’’ во Струмица, ГФК Тиквеш ќе игра против ФК Воска од Охрид.Затоа ве информираме дека ќе има организиран бесплатен превоз со десет автобуси кои ќе тргнат од Спортски центар Јасмин (Кај кошевите) Кавадарци во 15 часот. И тоа шест автобуси за навивачката група, а останатите за сите оние кои сакаат да го следат натпреварот во живо.Да навиваме заедно за Тиквеш“, објави Јанчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…