Дома Останати Кабиб сака борба со која би се одредил најдобриот на сите времиња

Кабиб сака борба со која би се одредил најдобриот на сите времиња

Кабиб Нурмагомедов изразил желба кариерата да ја заврши со борба прптов ММА легендата Џорџ Сент Пјер.

За оваа борба се зборува од поодмна. УФЦ е спремна да реагира ако Сент Пјер ја прифати таквата борба, а Кабиб неодамна изјави:


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Таа борба е сон на мојот татко. Би сакал да се борам со Сент Мјер, а Дајна Вајт ми кажа дека после борбата со Гатје ќе се преговара. Ако тој се согласи борбата ќе се одржи, УФЦ и јас сме спремни“, изјави Кабиб.

Тренерот на Кабиб Хавиер Мендес тврди дека оваа борба би го одредила најдобриот на сите времиња.

„Навистина е така. Кабиб исто тврди дека борецот кој би го победил Сент Пјер би бил најдобар во историјата. Голема е можноста таа борба да се случи по онаа со Гатје“, изјави Мендес.

Сент Пјер во кариерата беше шампион во средна и велтер категорија. Одработи вкупно 28 борби (26:2), но измеѓу 2013 и 2017 година имаше долга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гробари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…